X
 29.09.2018 Технологија

Европски пратеници бараат Агенцијата за сајбер-безбедност да го преконтролира „Фејсбук“

Пратениците од Европската Унија се подготвуваат овој месец да побараат од европската Агенција за сајбер-безбедност и заштита на податоците да спроведе контрола  во „Фејсбук“.

Во нацрт-резолуцијата поднесена до Комитетот за граѓански слободи и правда на Европскиот парламент, „Фејсбук“ е повикан да прифати „целосна и независна ревизија на својата платформа која истражува заштита на податоците и безбедноста на личните податоци“.

Претседателот на Комитетот за Европскиот парламент, Клод Морес, кој ја подготви резолуцијата, рече дека проверки „мора да се направат“.

- Не само што политиката и акциите на „Фејсбук“ потенцијално ги загрозуваат личните, туку тие имаат влијание и врз резултатите од избори и довербата на граѓаните во дигиталните решенија и платформи - рече Морес.

Комитетот планира да ја усвои резолуцијата до 10 октомври и на крајот на октомври за да ја достави до парламентот, што остава доволно време за изборите на ЕУ во мај 2019 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија