Алекс Мачерас не е обичен 20-годишник.
фото извор: Instagram
Додека повеќето во тој период од животот се обидуваат да се стекнат со образование и се двоумат во која насока да се движат, или пак се принудени да се вработат поради лошата финансиска состојба и неможност за плаќање на студиите,
Алекс патува низ светот, и тоа во голем стил.
Тој го истражува светот летајќи во празни авиони за да се осигури дека услугата, храната и шампањот се на висок стандард. Го тестира секое седиште во кабината, вклучувајќи ја и првата класа.
Развил интерес за авијацијата уште како дете, па дури и посетувал обуки за летање. На 14 години гостувал во радио, каде што споделил анализа за авионската индустрија. Додека наполнил 16 години, веќе се појавувал и на телевизија.
фото извор: Instagram
Сега работи за компании кои произведуваат нови линии на авиони и учествува во летечки тестови. И понатаму се појавува на телевизија.