X
 23.04.2018 Технологија

Запознајте го Дејзи, роботот што рециклира стари „ајфони“

Новиот член на тимот на „Епл“, роботот Дејзи, ефикасно ги расклопува телефоните и од нив ги одвојува компонентите што можат да се рециклираат.

За разлика од Лијам, првиот робот на „Епл“ за расклопување телефони што е направен само за „ајфон 6“, Дејзи умее да расклопи девет верзии на „ајфон“.

Тоа го прави неверојатно брзо, па за еден час може да расклопи до 200 уреди и да ги сортира нивните делови за рециклирање.

Ако се претпостави дека Дејзи работи 24 часа дневно, тоа значи дека годишно би расклопил 1,75 милион стари уреди.

Дејзи се наоѓа во погонот на „Епл“ во Тексас, но компанијата планира да постави такви системи во Европа и на други локации на „Епл“ низ САД.




Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија