X
 03.05.2017 Култура

Револуционерно откритие: патишта од рециклирана пластика

Моментално во светот постојат 40 милиони километри патишта во чија градба досега се потрошени стотици милиони буриња нафта, односно битумен, што се произведува од неа.

Шкотскиот инженер Тоби Макартни, поаѓајќи од тоа како во исто време да се поправат оштетените патишта и да се намали огромната количина пластичен отпад, дошол до потенцијално спасувачко решение за обата проблеми. Тој создал асфалтна маса во која е додадена отпадна пластика и така успеал да добие посилна, потрајна и поотпорна асфалтна маса.

Макартни ја добил оваа идеја кога во Индија забележал дека локалното население ги пополнува ударните дупки во патиштата со отпадна пластика која потоа ја запалуваат за да се истопи и да ја пополни дупката.

Тоа го инспирирало да развие индустриска метода за производство на асфалт со помош на отпадна пластика, односно додал мешавина од пластични гранули во асфалтната маса. Гранулите заменуваат одреден процент на битумен, што ги поврзува сите останати состојки, како ризлата, песокот и друго.

Својот изум најпрво го испробал асфалтирајќи го патот пред својата куќа, а две општини од Англија веќе почнале со изградба на патишта користејќи го неговиот пронајдок.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура