X
 19.05.2016 Технологија

Светот го доби првиот адвокат-робот

Американската адвокатска фирма „Baker&Hostetler“ добива нов работник. Над 50-те адвокати се подготвени да му кажат добредојде на новиот колега. Новиот работник се вика Рос, може да одговара на прашања со точност и јасност и има одлична меморија. Но, Рос не е обичен работник.


Се работи за вештачко интелигентен систем создаден од мултинационална технолошка и консултантска корпорација, ИБМ. Системот е основан на првиот когнитивен робот на компанијата, познатиот Ватсон. Ватсон моментално работи во јапонски кафулиња.

Рос, од друга страна, ја доби првата работа како адвокат. Секако, Рос нема да влегува во судница наскоро. Главната работа на Рос ќе биде да им помага на колегите одговарајќи на легални прашања користејќи огромна база на податоци од легални текстови.

Со други зборови, роботот ќе ги завршува работите поврзани со истражување и барање податоци и факти, што најчесто им се даваат на практикантите. Овој робот е способен да наоѓа факти и да донесува заклучоци од над милијарда текстови во секунда. Како и секој друг робот со вештачка интелигенција, Рос ќе напредува со работата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија