X
 01.06.2018 Култура

Читањето за умот е исто што и вежбањето за телото

Од моите родители научив колку е важно читањето. Тие ми го покажаа тоа со честите излети во книжарница, купувајќи ми различни книги и најважно - игнорирајќи ме кога бев преокупирана со добра книга.

Нивното: „Само уште едно поглавје и потоа на спиење“ или „Чекај да ја завршам оваа статија пред вечерата“ ми покажа дека читањето е свет во кој можеш да се изгубиш.

Денешното очекување во форма на ниво на читање што се бара од ученикот, прочитаните зборови по минута и стандардизираните тестирања ставија голем притисок не само врз наставниците и учениците, туку и врз родителите.

- Читањето е создавање значење, а не препознавање на зборовите. Кога читаме збунувачки текст, се враќаме назад, повторно го читаме, забавуваме, бараме дополнителни информации или бараме помош.

- Аквизицијата на писменоста е тешка, но лесно е да се разбере напредокот преку нивото на читање. Нивото на читање е алатка на наставниците, а не етикета. Мора да се промени мислењето за тоа.

- Кога читате со вашето дете, не прескокнувајте ги сликите. Сликите се приказна. Кога ќе ги покриете сликите, пораката што ја испраќате е дека сфаќањето и разбирањето не се важни - само точноста на зборовите има вредност.

- Покажете колку е важно читањето. Оставете си 15 до 30 минути секој ден време за читање и за себе и за сите членови во семејството.

- И стриповите се книги. Да, речникот честопати е доста предизвикувачки во стриповите токму затоа што приказната може да биде раскажана жестоко.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура