Понекогаш изгледа дека луѓето не бираат средства кога станува збор за образованието. Па така, 20 годишна Русинка, одлучила да ја стави на продажба својата невиност, со цел на тој начин да обезбеди да оди на факултет. Иако не е единствената, ваквиот чин предизвика многу контроверзии и полемики.
Свесна за финансиските трошоци што ги носи факултетот, Аријана одлучила на една онлајн интернет страница да даде оглас за продажба на својата невиност. Девицата од Русија својата невиност на веб страната ја нуди за 150.000 евра, а ако некој заедно со неа ја сака и нејзината пријателка цената ќе се зголеми.
“Ова е најлесниот начин да заработам пари за толку кратко време. Верувајте ми, јас долго време размислував за ова и со оглед на фактот дека јас не сум во љубовна врска и дека сум независна жена, јас не гледам ништо лошо во тоа“- изјавила Аријана
за странските медиуми, која сака да се пресели надвор од Русија и да студира медицина.
Со оглед на тоа дека нејзините родители не се финансиски стабилни, идната студентка одлучила да ги преземи работите во свои раце и да заработи за своите студии кои не се евтини.
“За да студирам медицина сакам да заминам надвор од својата земја, а тоа сигурно не е финансиски атрактивен потег. Во прилог на факултетот, кој е скап, јас морам да платам и за сместување. Знам дека животот е финансиски тежок и со заработката сакам барем тој дел да го "тргнам од мојот грб" и да размислувам за образованието“- додава Аријана.
Лолита како што е нејзиниот прекар не потекнува од богати родители, а тие уште не знаат за нејзиниот необичен и храбар потфат.