X
 14.02.2021 Наука

Уметникот што доби Нобелова награда за медицина

Сантијаго Рамон и Кахал бил невролог, но и уметник. Тој открил како нашите мозоци пренесуваат сигнали низ целото тело, а неговите цртежи помогнале да се разбере работата на нервниот систем.

Кахал почнал да го истражува функционирањето на невроните во 1887 г. и со помош на техника на бојадисување на невроните што се користела и претходно тој заклучил дека гранките на невроните не се поврзуваат физички со друго ткиво.

Тој предложил нова хипотеза според која електричните сигнали скокаат од еден неврон на друг. Подоцна се потврдила оваа хипотеза, а истражувањата на Кахал претставувале основа за модерната неврологија.

Истражувачите подоцна откриле дека електричните импулси постојано се претвораат од хемиски во електрични сигнали додека патуваат низ нервниот систем. Кахал добил Нобелова награда за медицина за неговото откритие.


Извор: TED-Ed/Youtube
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука