Округот Горж во Југозападна Романија привлекува туристи благодарение на една куќа. Станува збор за куќа што е превртена наопаку. Сопственикот ги изградил надворешната и внатрешната страна на куќата наопаку, па така таа изгледа како да паднала од небото, бидејќи нејзиниот покрив е на тревата.
Внатре куќата ги има сите елементи што ги имаат сите просечни куќи, но сè е наопаку. Целиот мебел и сите санитарни елементи се наоѓаат на покривот.
Сопственикот на куќата, Алекс Дуцу, ја изградил куќата за само 3 месеци, а таа тежи 5 тони. Тој планира да изгради забавен парк покрај куќата. Влезницата во куќата чини 15 леи, односно околу 3 евра.
Извор:
euronews.com
Фото: Принтскрин/Youtube