Во 2012 година Кина потроши околу една милијарда долари за да изгради совршена копија на познатото село Халштат од Австрија. На почетокот Австрија не ја поддржувала иницијативата, но подоцна двете локации соработувале.
Австриското село Халштат изгледа прекрасно. Неговата копија во Кина е исто толку прекрасна бидејќи изгледа идентично. Планот за изградба на копија на Халштат на почетокот се чувал во тајност и тоа требало да остане така до отворањето на селото, но еден архитект случајно заборавил скици во хотел во австриското село Халштат и тогаш јавноста дознала за планот.
Архитекти и други професионалци патувале во оригиналното село за да направат детални скици од секоја фонтана, плоштад и црква. Во тоа време жителите на Халштат не се согласувале Кина да гради копија од нивното живеалиште, но набрзо властите го поддржале градењето на копијата. Копијата се наоѓа во кинеската провинција Гуандонг.
Австриското Халштат било популарно и пред изградбата на копијата во Кина, но бројот на туристи се зголемил од отворањето на кинеската верзија. Во 2019 г. селото го посетувале околу 100.000 странски туристи дневно. Селото е толку популарно, што неодамна локалните власти го ограничиле бројот на туристички автобуси на 50 дневно.
Погледнете кратка репортажа од кинеската копија на Халштат во видеото погоре.
Автор: Марко Маргаритоф
Извор: allthatisinteresting.com
Фото: Халштат, Австрија/Wikipedia