Климатските промени станаа неодминлива тема во последните децении и со оглед на фактот што 120 земји од целиот свет пред година дена го ратификуваа Парискиот договор, нам ни претстојат значајни предизвици во годините што доаѓаат. Тоа значи дека размислувањето за овој горчлив проблем истовремено е и сериозно размислување за иднината.
Писателите на
научно фантастични романи се едната група луѓе кои од блиску гледаат што би можела да ѝ донесе иднината на цивилизацијата. Долго време тие ги тематизирале/аат климатските промени во своите дела, екстраполирајќи ги последните докази во приказни за тоа како човештвото се справува (или не) со порастот на нивото на морињата и покачувањето на температурите.
Ви споделуваме 14 наслови што ги обработуваат овие климатски теми и што би можела да ни приреди иднината со оглед на трендовите.
Трилогијата
ЛудАдам (
The MaddAddam) од Маргарет Eтвуд
Во оваа трилогија, авторката ги обработува сижејните линии на преживеаните од биолошка катастрофа во постапокалиптичната иднина. Романот следи неколку ликови кои го посведочиле крајот на светот, причинет од порастот на морското ниво и уништувањето на околината. Во трите книги од трилогијата, ликовите се справуваат со опстојување во радикално изменет свет и се обидуваат да преземат чекори за повторно воспоставување цивилизација.
Девојка на навивање (
The wind up girl) и
Водениот нож (
The water knife) од Паоло Бачигалупи
Дејството во првиот роман е поставено векови во иднината, кога морињата надошле и фосилните горива се исцрпиле, сè додека светот не го запоседнале зли и мутирани освојувачки видови. Се случува во Тајланд од иднината, а приказната ја „носат“ неколку ликови кои се обидуваат да опстанат во свет на генетски инженеринг и бескрупулозни бизнисмени профитери.
Приказната во вториот роман се случува во блиската иднина, што не е помалку страшна. Климатските промени го опустошиле југозападниот дел од Америка. Ликовите во книгата бараат нешто повредно од злато: моќ да ги контролираат резервите со вода во регионот. Во двата романи, Бачигалупи се осврнува на економската нееднаквост како крупен одлучувачки фактор за промените што ја уништуваат климата.
Потопениот свет (
The drowned world) од Џејмс Балард
Овој роман од 1962 година се смета за еден од најдобрите рани примери на фикција посветена на климатските промени. Поларниот мраз почнал да се топи и го потопил поголемиот дел од Северната хемисфера. Преку главниот лик, биолог од Лондон кој тргнува на експедиција за мапирање, Балард ги разоткрива несвесните импулси за опстанок на човештвото. Со назадувањето на светот, назадуваат и неговите жители. Моралот што го одржувал глобалното општество се распаѓа, а цивилизацијата се расклопува.
Серијата
Скршената Земја (
The broken Earth) од Н. К. Џемисин
Книжевниот свет на Џемисин минува низ циклуси од катастрофи кои постојано му се повторуваат на човештвото. Истакнувањето на непрекинатите промени води до угнетените луѓе познати како орогени, кои можат да ги користат своите моќи за да ја променат планетата на подобро или на полошо. Џемисин ја испитува отуѓеноста на нејзините ликови и анализира како реагира општеството под постојан удар на траумата.
Калифорнија (
California) од Идан Липацки
Кел и Фрида пребегуваат во шумата откако општеството се соочува со општо уништување предизвикано од економски и климатски превирања. Кога Фрида открива дека е бремена, бараат засолниште во блиската населба и откриваат дека затворената заедница е преполна со тајни и со параноја. Дебитантскиот роман на Липацки е повеќе од книжевен обид за климатските промени за разлика од другите романи во овој попис, иако го споделува интересот за издржливоста на луѓето кога на цивилизацијата ѝ се заканува колапс.
Њујорк 2140 (
New York 2140) од Ким Стенли Робинсон
Овој роман го отсликува најреалистичното сценарио поврзано со климатските промени. Дејството е поставено повеќе од еден век во иднината, а се однесува на жителите во МетЛајф Тауер во Њујорк Сити. Покрај оптимистичката па дури и забавна димензија на книгата, авторот поставува врски меѓу непречениот капитализам и глобалното затоплување и предупредува дека доколку општеството не почне да се менува, сите ќе живееме со последиците што претстојат.
Трилогијата
Област Х (
Area X) од Џеф Вандермеер
Голем дел од јужниот брег одненадеж е отсечен од другиот дел, а регионите од кои е сочинет се трансформираат во недопрена дивина. Низа експедиции на територијата откриваат чуден и непријателски свет. Своите романи, Вандермеер ги користи со намера да ги анализира начините на приспособување на новите чудни средини.
Златната доба на агрумите (
Gold fame citrus) од Клер Веј Воткинс
Дејството на овој роман е сместено во американскиот југозапад што е опустошен од суша. Жителите кои останале во регионот, Мохавите, се спречени да пребегаат во подобри домови од страна на вооружени чувари и од незаинтересираната влада. Двајца преживеани, Луз и Реј, ќе пронајдат напуштено дете што ќе ги поттикне да ризикуваат и да пронајдат подобар дом.