Интернетот навистина го олесни пристапот до книгите и академските истражувања. Но истовремено, посигурно стана чувањето на академските трудови во дигитална форма отколку во хартиена.
„Интернет-архива“ има нова платформа на која може да се најдат над 25 милиони истражувања и други научни документи во дигитална форма. Во колекцијата има дигитализирани и оригинални документи објавени од 18 век до денес.
Проектот сè уште е во пробна фаза, но кога ќе биде усовршен, веројатно ќе стане дел од потребната револуција кога станува збор за академските истражувања. Секако, тоа би можело да се случи доколку платформата не биде затворена.
Академските списанија се едни од најбрзо растечките бизниси на глобалниот пазар.
Моделот со отворен пристап до информации сега ги менува работите, но сепак не постои едно место на кое може да се пристапи до сите академски дела без притоа да се плати. Можеби „Интернет-архива“ ќе промени нешто.
Новата платформа може да ја најдете
овде.
Извор:
openculture.com
Насловна фотографија: Screenshot