X
 02.09.2019 Култура

Амбициозен проект - познат режисер подготвува филм чие снимање ќе трае 20 години

Американскиот режисер Ричард Линклејтер, познат по амбициозните и необични проекти, изјави дека снимањето на неговиот најнов филм ќе трае 20 години.

Режисерот посвети 20 години на снимањето на филмот „Растење“, чија премиера беше во 2014 година, што му овозможи на главниот актер Илар Колтрејн природно да старее од петтата до деветнаесеттата година. Филмот доби неколку големи награди - престижниот „Оскар“, „Златен глобус“ и БАФТА.

Линклејтер сака да го собори рекордот со снимање на адаптацијата на мјузиклот на Стивен Сондхајм - „Merrily We Roll Along“, приказна за композитор кој го напушта Бродвеј за во Холивуд да биде филмски продуцент.

Линклејтер во текот на 90-тите години стекна статус на еден од најзначајните режисери на независната кинематографија. Во текот на 1995 година премиерно беше прикажан првиот дел од неговата трилогија „Пред изгрејсонце“, кој заедно со продолженијата „Пред заоѓање на сонцето“ и „Пред полноќ“ често се наведува како еден од најдобрите романтични филмови на сите времиња.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура