X
 22.02.2020 Забава

Корејски архитект го создаде домот од „Паразит“ во видеоиграта „Симс 4“

Јужнокорејскиот филм „Паразит“ ѝ стана познат на јавноста откако доби четири „Оскари“ на годинашната церемонија, вклучувајќи го и „Оскарот“ за најдобар филм. Оваа трагикомедија досега заработила 200 милиони долари на глобално ниво.

Обожавателите на „Паразит“ се обидуваат да ја задржат еуфоријата околу филмот на различни начини, на пр.,со правење стрипови итн. Еден корејски архитект и дизајнер со корисничко име Симкунг Архитект дури успеал да ја состави куќата во која се одвиваат главните дејства во филмот во компјутерската игра „Симс 4“.


Популарната видеоигра овозможува создавање симулирани ликови кои изгледаат како вистински личности, како и дизајнирање нови куќи. Корејскиот архитект успеал да пронајде место во играта што потсетува на елитните населби во Јужна Кореја. Во филмот архитектурата претставува алегорија на класните разлики. За да ја задржи темата, дизајнерот ја изградил неговата верзија вертикално за да ги води гледачите нагоре, просторно и метафорички.

Креаторот го објавил процесот на градење на куќата на „Јутјуб“. Неговата верзија не е идентична копија, но е прилично точна презентација на домот. Освен куќата, архитектот создал и ликови што одговараат на оние од филмот.


Автор: Иван Никол Браун
Извор: Fastcompany.com
Фото: Oscar.go.com

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава