X
 23.04.2023 Живот

Европски градови на кои им се потребни нови жители

Европски градови со мал број на жители нудат дарежливи стимулации за новите жители.

Многу рурални области се соочуваат со стареење на населението бидејќи младите се преселуваат во градовите или едноставно одлучуваат да немаат деца. За да се борат против ова, некои локални власти ги охрабруваат жителите на другите земји да се населат со тоа што им гарантираат исплата во готовина.

Од Шпанија до Италија, еве ги сите места во Европа што ќе ви платат за да се преселите таму.

Албинен, Швајцарија


Албинен на швајцарските Алпи е дом на помалку од 250 жители. За да се зголеми бројот на жители, малата општина  им нуди на семејствата над 50.000 евра за да се преселат и да живеат таму. Сместено во падините на планината во кантонот Вале, живописното село е нешто повеќе од еден час возење од познатиот ски-центар Вербиер.

Оние што се помлади од 45 години ќе добијат 25.300 евра за да живеат таму, плус 10.120 евра по дете.

калабрија
Фото: Freepik

Оваа можност е отворена само за швајцарски државјани или квалификувани странци што живееле во Швајцарија доволно долго за да добијат дозвола за престој Ц. Од апликантите се бара и да живеат во куќа вредна најмалку 202.310 евра и мора да се обврзат да живеат во Албинен 10 години.

Рубија, Шпанија


Шпанското село Рубија во Галиција ќе им плаќа на странците 150 евра месечно за да живеат таму. Можноста е наменета за семејства, со надеж за зголемување на бројот на ученици во локалните училишта.

Рубија се наоѓа во Северозападна Шпанија, на 2,5 часа возење источно од Сантијаго де Компостела.

Калабрија, Италија


Во Калабрија, југозападниот регион на Италија, преселувањето во село со 2.000 жители или помалку ќе ви донесе до 28.000 евра. Оваа иницијатива беше покрената со цел селото да се избори против депопулацијата.

Сите заинтересирани за аплицирање треба да имаат 40 години или помалку и да се преселат во регионот во рок од 90 дена од прифаќањето на апликацијата. Исто така, тие треба да започнат бизнис или работа.

Сардинија, Италија


Италијанскиот остров Сардинија нуди 15.000 евра за да се преселите таму.

Позната по песочните плажи, синото небо и тиркизната вода, оваа медитеранска идила се соочува со мал број на рурално население затоа што младите жители се преселуваат во странство.

За борба против овој егзодус, Владата одвои 45 милиони евра како поттик за преселување. За да ги исполните условите, ќе треба да се преселите во Сардинија.

Парите мора да ги искористите и за купување и реновирање куќа. Стимулацијата не може да надмине половина од вкупната цена на куќата или реновирањето, што значи дека во некои случаи сумата од 15.000 евра ќе се намали.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот