X
 23.04.2024 Живот

На 16 години решавал шаховски проблеми без да ја гледа таблата

На само 18 години, шаховското чудо Рамешбабу Прагнанандаа веќе има постигнато голем успех. Кога имал само 10 години, тој станал меѓународен мајстор по шах. Две години подоцна, тој станал велемајстор. Рангиран како 16. најдобар шахист во светот, тој моментално се натпреварува на турнир каде што ќе може да се соочи со колегата велемајстор и актуелен светски шампион Динг Лирен.

На едно видео тој ги покажува неговите импресивни шаховски вештини. Имено, на видеото, на младиот шахист кој тогаш имаше 16 години, му се дадени низа шаховски проблеми што мора да ги реши без да гледа во шаховската табла. Тој одговара без никаков напор и со леснотија.

За оние што не се добро упатени во шахот, интервјуерот има вклучено графика на екранот за да им помогне на гледачите да ја следат играта. Но, анимираните потези понекогаш минуваат толку брзо што може да биде тешко да се се следи, што е доказ за вештините на момчето.

 

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот