X
 23.04.2024 Живот

Овие земји имале најзагаден воздух во 2023 година

Честичките ПМ 2,5 имаат дијаметар од 2,5 или помалку микрометри и можат да влезат длабоко во нашите бели дробови и да предизвикаат здравствени проблеми. Во 2021 година Светската здравствена организација ги обнови упатствата за овие честички и препорача максимално просечно годишно ниво од 5 микрограми на кубен метар, што е за 5 помалку од поранешните 10.

Истражување објавено во 2022 година од Животниот индекс за квалитет на воздух (AQLI) покажа дека 97,3 отсто од светското население е изложено на нивоа на ПМ 2,5 честички повисоки од оние препорачани од СЗО. Тоа одзема 2,2 години од глобалниот очекуван животен век, споредено со земјите каде што се исполнети препораките на СЗО.

Во Јужна Азија се верува дека жителите може да губат до 5 години од животот. Со години овој регион е глобално жариште на загаден воздух, дом на 37 од 40 најзагадени градови во светот.

Ова се најзагадените земји според IQAir, рангирани според годишната просечна концентрација на ПМ 2,5 честички во 2023 година во микрограми на кубен метар.

Фото: Visual Capitalist

Важно е да се напомене дека честичките можат да патуваат стотици километри и, логично, да преминуваат граници. Така, речиси 30 отсто од загадувањето на воздухот во Пунџаб доаѓа од соседен Пакистан.

Извор: Visual Capitalist
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот