X
 23.05.2017 Живот

„Еднаш кога ќе се сетиш, можеби ќе биде предоцна“

Се жениш пред триесеттата, затоа што така треба.
Нормален си.
Имаш две деца.
Диплома.
Работа.
Сметки за струја.
Сметки за телефон.
Летување од  десет дена.
Можеби 15.
„Украден“ викенд во Виена.
Плус здравствено осигурување.
Плус животно осигурување.
Пензиско осигурување.
Сметки за греење.
Брзаш дома после работа.
Денес  е недела.
Водиш љубов секоја втора недела.
Со изгаснато светло.
Мирно.
Мисионерски.
Понекогаш и во четврток кога ќе ти откаже психијатарот.
Биди нормален.
Петок е ден кога твојата едноставна жена готви боранија.
Се откажа од сонот да одгледуваш пчели.
И од тоа често да се смееш.
Одиш во теретана, затоа што така треба.
Возиш во колона.
Никогаш не претекнуваш.
Некако не умееш повеќе да сакаш.
А би сакал.
Подоцна и тоа ќе исчезне.
Лажеш дека си добро.
Лажеш дека се смееш.
Лажеш.
Не ти смета прашината на твојата омилена плоча.
На целиот грамофон.
Пушиш скришно.
Ги пцуеш возачите.
Ги пцуеш пешаците.
Ги пцуеш велосипедистите.
Ги пцуеш соседите.
Ја пцуеш сопругата.
Ги пцуеш децата.
Го пцуеш животот.
Сметки, сметки, сметки.
Имаш премногу брчки.
Имаш пар години во странство.
Некои бегања од вистинскиот „ти“.
Се опиваш понекогаш.
Никогаш сам.
Со друштво.
Затоа што така треба.
Пееш, затоа што велат дека таквите луѓе се радосни.
Во август ќе го отплатиш кредитот.
Имаш 20 години повеќе.
Чекаш лифт.
Страшно си смирен кога ќе се расипе.
Чекаш во ред.
Чекаш во банка.
Чекаш жената повторно да ти рече „те сакам“.
Чекаш повторно да ја засакаш. Го чекаш летото.
Чекаш да ги „изучиш“ децата.
Чекаш да ја омажиш ќерката.
Чекаш да го ожениш синот.
Чекаш да се пензионираш.
Ја чекаш следната година.
Ја чекаш следната година.
Ја чекаш следната година.
Ја чекаш следната година.
Ја чекаш следната година.
Чекаш светли времиња.
Чекаш поубаво утре.
Да бидеш среќен.
Соблечи ги чевлите.
Оди бос.
Тогаш смееш да одиш и по тревата.
Бањај се кога се разденува.
Зборувај за работите кои ги сакаш.
Никогаш немој да ги превртуваш палачинките со нож или со рака, само со фрлање во воздух.
Ќе ја одлепиш од таванот, не се грижи.
Научи се да кршиш јајце со една рака. Играј си во супермаркетот со услужната каса, тоа е благодат.
Лулај се во три часот наутро.
Нарачај 5 топки сладолед.
Насмеј се на предупредувањето „само за деца“.  Помини под прскалките во паркот!
Застани пред врата со сензор, плесни со рацете, па прави се дека се отвориле под твоја команда.
Фрли капка или две вода на врела рингла, и замисли дека си волшебник кој прави магии (во случај да немаш врата на сензор во близина).
Шетај покрај река.
Стави го прстот во реката, нема да останеш без него.
Води љубов.
Наутро.
На пладне.
Во самрак.
Навечер.
Во два.
Во три не можеш, тогаш одиш на лулање.
Води љубов постојано.
Насекаде.
И не со секого.
Никако не со секого.
Ако имаш можност да водиш љубов на некој кров од зграда, по сликарско платно замачкан со бои, со коса заплеткана во темпери, НАПРАВИ  го тоа.
Ако немаш таква можност, прво купи платно, па создај ја приликата.
Сликај – со неа.
Или со него.
Закачете  ја сликата над каминот.
Сите гости нека прашуваат од каде ви е сликата.
Вие само смешкајте се загадочно.
Држете се за раце под масата.
Погали ја по стомакот каде што е ремек-делото на вашата сликарска техника.
Љуби.
Гушкај.
Скокоткај.
Танцувај.
Простувај.
Фантазирај.
Патувај.
Не пропуштај на направиш фигурички од пластелин.
Не го пропуштај првиот јоргован.
Ни последната лубеница.
И тоа да се измачкаш со јогурт.
Или да причуваш нечие милениче.
Смеј се.
Смеј се многу.
И не ја покривај устата со рака , затоа што имаш еден крив заб, само нека е здрав.
Повеќе болат кривите патишта во животот.
Направи мусака.
Направи семеен турнир во карти.
Читај цел викенд.
Искисни.
Слушај музика со различни децибели.
Обој ја собата во жола боја.
Пеј, ако така се чувствуваш.
Плачи, ако така се чувствуваш.
Купи шатор.
Најголемиот во продавницата. И опрема за кампување.
Сложувај сложувалки.
Барај ги родителите редовно, затоа што го сакаш тоа.
Јави се иако е доцна.
Посоли ако не е солено.
НЕ ги заборавај пријателите.
Не заборавај работи по „џебовите“, таму има и некои важни ситници.
Стави малку повеќе пена во бањата.
УУУ, нека има многу меучиња.
Зборувај „по старски“.
Понекогаш самозалажи се сам.
Зборувај за работите кои ги сакаш.
Зборувај за луѓето кои ги сакаш.
Не е тешко да се најдат луѓе кон кои не си рамнодушен.
Не е тешко да се сака.
Зборувај и за работите кои те измачуваат.
Зборувај. И слушај.
Биди грижлив и сомилосен.
Помоли се тогаш кога искрено го чувствуваш тоа.
Негувај ја љубовта.
Кажи НИЕ, наместо ЈАС.
Не бегај од себе. Не се плаши.
Убав си и насмеан и кога си намуртен.
Па што ако знаеш само два акорди на гитарата.
Гради во себе, не околу себе.
Засади хектар некалемени цреши.
Донеси ѝ семе од нане и оригано од службено патување.
Чекај, па ти немаш служено патување.
Стана онаков каков што сакаше да бидеш.
Тогаш веднаш оди со велосипедот до пазарот и купи.
Биди креативен, НИШТО НЕ Е ГЛУПАВО  ако намерата е ВИСТИНСКА.
Обој го својот свет.

Јована Бајагиќ
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот