Големиот поет и уште поголем борец за слобода, бил застрелан во близина на Гранада, во 1936 година, за време на Шпанската граѓанска војна. Тој се побунил против фашизмот и сето она што ќе следува неколку години покасно: против едноумието, тиранијата, омразата, која овој голем борец не можел да ја поднесе. За слобода и за љубов.
Според некои извори, Федерико на самиот чин на своето погубување гледајќи го својот џелат во очи ги рецитирал стиховите:
„Што е човек без слобода, о Маријана?
Како да те сакам кога не сум слободен?
Како да ти го дадам своето срце, кога не е мое?“
Дали е возможна љубовта без слобода?
Дефиницијата на слободата не е само слобода на движење, туку и духовна слобода, слобода на говор, слобода на избор, слобода на љубов... Ако човековата душа е заробена во омраза и грижа за сопствената егзистенција, во неа нема место за љубов.
Фашизмот владееше со стравот со кој се добива послушност од граѓаните. А кога стравот ќе влезе во човековата душа и ум, значително ги ограничува. Човекот веќе не гледа подалеку од себе и својата егзистенција.
Нацистичките сили на некој начин од луѓето правеа саможиви робови, кои, како што Лорка вели, веќе немаат свое срце, ниту пак можат некому да го дадат. На прочуениот поет тоа најмногу му пречело. Тој не стравувал од сиромаштија, туку од губењето на себе си, чувствата, љубовта и емпатијата. Од губењето на душата – а тоа е нешто највредно што може да се изгуби, повредно и од животот.
Јас одам по својот пат
не знаејќи дека те љубам.
Не знам какви ти се очите,
Твојата коса, ниту рацете,
но на челото сѐ уште ми гори
преубав бакнеж од пеперутка.
(„Мадригал“, 1919)
За неговото неприфаќање на животот без љубов сведочи неговото враќање од САД во текот на основањето на Шпанската Република во 1931 година. Од тогаш сметал дека во капиталистичка земја се живее без љубов – дека тука всушност луѓето живеат само заради парите и дека се киснат во својата алчност. За свој политички идеал го зема, тогаш сѐ уште раниот социјализам – кој за основна цел на човековиот живот ја зема токму слободата и сѐ она што таа го опфаќа.
Во Шпанија по победата на социјалистите добил функција на директор на студентскиот патувачки театар со кој патувал по Шпанија и настојувал да шири култура. Се прикажувале шпански класици и се спроведувала идеја за социјалната улога на театарот.
„Кога ќе умрам, оставете го балконот отворен“
Во неговата импресивна кратка песна „Збогум“, Гарсија Лорка ги вклучил сите периоди на човечкиот живот. Го претстваува неговиот крај („Ако имрам...“), но го навестува и неговиот почеток („...оставете го балконот отворен“).
Отворениот балкон го претстваува погледот на свет – желбата за продолжување на животот и желбата за нови предизвици, желбата за окончување на животот без слобода и желбата за љубов.
И така на некој начин Лорка предвидува сѐ, и целата животна филозофија ја изразил во неколку строфи.
Песната само на изглед има песимистички тон. Иако темата е смрт, таа е оптимистична. Токму како и неговата смрт. Фашистите тогаш го убиле само човекот, идејата останала да живее. Таа е бесмрта затоа што потребата за
слобода на човекот е неопходна – исто како и љубовта!
Пишува: С. Марчета