X
 23.05.2017 Живот

Тарутао - криминалниот остров на Тајланд

Тарутао е еден од најубавите острови на Тајланд, но неговите плажи со бел песок и прашуми, некогаш биле дом на криминалци.

Далечен рај

Островот е вистински рај, со празни плажи и џунгли исполнети со див свет. Но, островот е најмногу познат по своето криминално минато.

Недопрениот див свет на Тајланд

„Ко Тарутао“ националниот парк е еден од најубавите места во земјата. Паркот е составен од 51 остров, а располага со долги песочни плажи и тропски растенија.

Тропски затвор

Местото не било секогаш поврзувано со убавина. Во доцните 30-ти години, се одлучило ова место да биде затвор за спроведување на казни. Локацијата на местото им ја отежнувала идејата за бегство на криминалците. До 1939 година, островот бил населен со неколку илјади криминалци и политички затвореници.

Рај за беззаконието

На островот владееле пирати а во 1941 година на островот имало и јапонска инвазија. Бродови пренесувале производи нелегално, а во 1948 година местото се напуштало и така останало до 1947, кога за прв пат бил прогласен и „Ко Тарутао“ националниот парк.

Остатоци од темното минато

Местото кад ешто било затворот сега е асфалтиран пат, а на островот има и мал музеј каде што детално е опишана историјата на местото. Многу работи на островот и градби се недопрени, бидејќи комерцијален развој не е е дозволен, освен што се изградени неколку бунгалови и кампови.

Исклучително бегство

Оние кое доаѓаат да го истражат Тарутао се наградени со можност за бесплатно поминување по патеките во џунглата, исклучителните крајбрежја и камповите кои нудат место за преспивање.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот