X
 24.09.2023 Живот

Остров од соништата нуди бесплатно сместување за оние што работат од далечина

Пандемијата донесе многу нови работи, нови навики, начин на живот, но и работа од дома, што им се допадна на огромното мнозинство.

За да ја олеснат целата ситуација, многу земји работеа на тоа да овозможат нови стратегии за привлекување туристи, особено оние со флексибилни работни места и време, како што се дигиталните номади. Тие се приспособија на промените на пазарот и одеднаш почнаа да издаваат визи за дигиталните номади и да ги насочуваат маркетинг-ресурсите кон нив.

Последниот таков пример доаѓа од прекрасниот италијански остров Сардинија, кој на работниците на далечина им нуди бесплатно сместување за три месеци. Благодарение на оваа иницијатива, прекрасното село Ололаи се надева дека некои од нив ќе останат таму засекогаш.

Првиот работник на далечина кој ја искористил понудата на италијанските власти е Кларис Партис, 39-годишна софтверска дизајнерка од Лос Анџелес. Сакајќи да избега од метежот и вревата на градот и да работи на друго место, Кларис слетала на островот наоѓајќи го својот нов дом во малото село Ололаи.

- Почувствував потреба од промена на средината - објаснува Партис.

Ова село претставува своевидна временска капсула со зачуваното културно наследство на земјата, што е јасно видливо во начинот на живот што може да се доживее таму.

Во последните 100 години бројот на жители во селото се намалил од 2.250 на 1.300. Тоа е сериозен проблем со кој цела Италија се бори долги години, а во 2022 година забележа најнизок раст на населението во својата историја.

Оттогаш, земјата се обидува да привлече жители, и краткорочно и долгорочно. Нивната иницијатива „купи куќа за 1 евро“ привлече луѓе од различни делови на светот. Селото Ололај, исто така, учествуваше со надеж дека странците ќе инвестираат во обновата на нивните стари квартови.

Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот