X
 14.07.2019 Култура

Шведската пловечка библиотека што носи книги за жителите на оддалечените острови

Шведска и нејзините нордиски соседи имаат највисоки стапки на писменост во светот. Швеѓаните сметаат дека еднаквиот пристап до образованието и знаењето е критична компонета за идниот успех на поединецот. Ова е точно, независно од економската припадност и очигледно, географската локација.

Затоа, Шведска има пловечка библиотека наречена „бокбатен“, што носи илјадници книги за луѓето кои живеат на оддалечен остров во стокхолмскиот архипелаг двапати годишно. Секоја пролет и есен уште од 1953 година, библиотекарската служба во Стокхолм изнајмува брод една недела, го товари со книги и плови до околу 23 населени острови.

Кога бродот ќе се врати, жителите се качуваат за да ги вратат книгите што ги позајмиле за време на последната посета и да ги проверат најновите понуди на библиотеката. Бродот носи околу 3.000 книги, а жителите можат да достават барање предвреме. Неколку библиотекари-волонтери кои работат на бродот велат дека бестселерите се во голема побарувачка.

Во 2018 година, Марија Андерхаген го презеде управувањето со бродот-библиотека, делумнозатоа што имала најголем подрум во градот и можела да ги чува сите книги помеѓу патувањето на бродот.

1
Фото: Facebook

Бродот има високи дрвени полици, големи маси каде стојат книгите, колички за книги на тркала. Има книги за деца, популарни трилери, книги за историја, наука и плетење, книги за готвење и аудио книги.

Освен бродот, Шведска исто така има автобуси за библиотеки што носат книги за луѓето во руралните заедници. Исто така, тие создаваат импровизирани библиотеки на места како продавници и места за социјално собирање. Бродот почнал како услуга за рибарите и островските работници, но се проширил за да им служи на жители кои претпчитаат печатени копии на книги отколку е-книги или аудио книги.

Според Швеѓаните, бродот има голема позитивна вредност за децата и возрасните, бидејќи на тој начин може да учествуват во современата народна библиотека. Тој има важна функција и го промовира читањето не само во архипелагот туку и на другите места.

1
Фото: Facebook

Дури и во нација што обожава книги, иднината на пловечката библиотека останува неизвесна. Андерхаген вели дека ако регионалната библиотека ги намали финансиите на бродот, бродот повеќе нема да функционира. Ваков случај неодамна имало во Финска. За да ја одбележи стогодишнината, нацијата доби нова библиотека што чинела околу 11 милиони долари. Но, во тој процес, се намалило финансирањето на библиотекарскиот брод што бил во служба 30 години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура