X
 14.11.2022 Култура

Со 57 милиони часа емитување, ова е моментално најгледаната серија на „Нетфликс“

„Манифест“ е нова хит-серија која по првичниот неуспех, прерасна во моментално најгледаната серија на „Нетфликс“.

Серијата првпат се емитуваше во 2018 година на Ен-би-си, а приказната започнува со група странци кои летаат на ист лет од Јамајка до Њујорк.

Но, авионот мистериозно слетува по пет години од полетувањето, а цело време се претпоставувало дека патниците се мртви. Додека патниците се обидуваат да се вклучат во општеството, доживуваат чудни феномени, како што се визии за иднината и други бизарни работи.



Третата сезона заврши оставајќи многу дилеми и прашања, но неколку дена подоцна, на големо разочарување на обожавателите, Ен-би-си ја откажа серијата. „Нетфликс“ на крај ги презеде правата за серијата, емитувајќи ги сите претходни сезони, а пред неколку дена го објави првиот дел од четвртата сезона.

Најгледаната серија на светот во моментот


Оваа недела официјалниот твитер-профил на серијата потврди дека го достигна првото место на глобално ниво на топ-листите на „Нетфликс“.

- Официјално е: „Манифест“ е број еден серија на „Нетфликс“ во светот со над 57 милиони часови стриминг“ - пишува на твитер-профилот на серијата.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура