X
 23.05.2022 Живот

„Вратата“ забележана на Марс е неверојатно мала

Oсвен ако немате некоја напивка слична како онаа од „Алиса во земјата на чудата“ која успева да ја намали физичката големина на луѓето, мала е веројатноста некој од нас да влезе и да помине низ таа мала „врата“ што НАСА ја забележа на Марс претходно овој месец.

Вселенската агенција даде повеќе детали за „вратата“ на површината на Црвената планета во блог-пост оваа недела и рече дека отворот од страната на планината Шарп е околу 30 сантиметри висок и 40 сантиметри широк, сличен по големина на врата од куче.

Роверот „Кјуриосити“ на НАСА ја сними првичната замисла користејќи ја својоата „Масткамера“, а новата објава спои повеќе од 100 слики во панорама која покажува повеќе детали. Панорамата е обработена за да ја приближи бојата и осветленоста на сцената како што би изгледала во човечкото око при нормални дневни услови на Земјата.

„Кјуриосити“ ги проучува карактеристиките на површината на Марс повеќе од 10 години, но нема да биде сам уште долго време.

nasa
Фото: Twitter

Според „Спејс екс“, комапнијата сака да пријави присуство во следната деценија, а токму оваа недела НАСА ги прегледа своите планови за тоа како би можела да изгледа 30-дневната експедиција со екипаж на Црвената планета.

Во оваа мисија, двајца астронаути би орбитирале околу Марс, додека други двајца би се симнале на површината и би се потпирале на залихите испратени на површината пред нивното пристигнување. Со оглед на тоа што и „Спејс екс“ и „Боинг“ прават летала за носење товар што оттогаш стигнале во орбитата и се приклучиле на Меѓународната вселенска станица, снабдувањето на Марс од 25 тони не би било толку тешко.

Еден ден наскоро, астронаутите може лично да се смеат на малата врата на Марс.

Извор: Futurism
Фото: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот