НАСА планира да го полета хеликоптерот „Инџинуити“ на Марс в недела. Агенцијата ќе врши пренос во живо од настан во кој ќе биде потврден првиот лет на друга планета в понеделник наутро. Преносот треба да започне во 9:30 наутро според средноевропско време, а може да се следи на видеото во продолжение.
Хеликоптерот „Инџинуити“ стигна на Марс на 18 февруари, закачен на роверот „Персевиренс“. Американската вселенска агенција планира да спроведува тест-летови најмногу 31 ден, а роверот во тоа време ќе прави фотографии, ќе собира податоци и ќе ја одржува комуникацијата на хеликоптерот со Земјата.
Датумот за кој е планиран првиот лет може да се промени бидејќи инженерите постојано работат на проверки и позиционирање на роверот и хеликоптерот. Сите потенцијални промени може да бидат најдени на специјална
веб-страница овде.
Пред првиот лет, НАСА ќе одржи конференција за медиуми на 9 април, на која ќе ги открие најновите детали за првиот лет. Доколку хеликоптерот полета в недела, како што се планира, на настанот што ќе го пренесува НАСА ќе се прикаже анализа на првиот лет од страна на инженерите што работеле на него.
Извор и фото:
nasa.gov