„Персевиренс“, роверот на американската вселенска агенција НАСА, неодамна стигна на површината на Марс по поминати 472 милиони километри. Роверот ќе се обиде да открие знаци на живот, во минатото или сега. На роверот има повеќе различни научни инструменти и дури и хеликоптер кој ќе се обиде да го направи првиот лет на друга планета.
Сето ова чини многу. Минатите мисии на НАСА до Марс чинеле милијарди долари, а „
Персевиренс“ не е исклучок. НАСА очекува да потроши 2,7 милијарди долари на проектот, покажува истражување на „Планетарното општество“. Оваа сума се очекува да порасне на 2,9 милијарди долари поради инфлацијата до крајот на мисијата.
Сепак, „Персевиренс“ е седмо најскапо летало во историјата на програмата за истражување на вселената на НАСА и трета најскапа мисија до Марс. Кога станува збор за мисиите до Марс, леталата „Вајкинг 1“ и „Вајкинг 2“ од 1975 г. чинеле најмногу, односно вкупно 7,1 милијарди долари.
„Кјуриосити“ (2011) чинел 3,2 милијарди долари, „Марс опсервес“ (1993) чинел 1,7 милијарда долари, а роверите за истражување на Марс - „Спирит“ и „Опортунити“ испратени во 2003 чинеле 1,2 милијарда долари.
Автор: Најал Мекарти
Извор:
weforum.org
Фото: NASA