X
 23.05.2023 Култура

Погледнете филм за апокалипса направен со вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција може да послужи и во создавањето филмови. Краткиот филм со наслов „Последен став“ (Last stand), кој трае само 10 минути, бил направен со помош на вештачката интелигенција.

Приказната започнува познато, како холивудските филмови за апокалипса. Вонземни бродови пристигнуваат на Земјата. Во светот владее страв и неизвесност, а светските политичари на почеток се обидуваат да го смират човештвото. Меѓутоа, потоа на сцена настапува Владимир Путин, кој ги обвинува САД дека со своите напади на неидентификуваните летечки објекти ја повикале напредната вонземна цивилизација и така ја ставиле планетата во опасност. Русија, заедно со Кина и Индија, тргнува во трка со САД и НАТО да направи прв контакт со вонземјаните.

Во тајност, САД и сојузниците лансираат ракети кон вселенскиот брод со вонземјаните, а напад врши и Русија со сојузниците. Ова доведува до нуклеарна апокалипса на Земјата. Но, потоа следува епилог, кој нема да го откриеме тука, туку ќе оставиме да го видите самите во краткиот филм.


Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура