X
 23.05.2024 Здравје

Номофобијата станува сериозен здравствен проблем, а ова се симптомите

Постои шанса да го живеете животот додека истовремено страдате од номофобија. Можеби не сте ни свесни како тоа влијае врз вашиот живот и веројатно никогаш не сте слушнале за оваа појава. Психолошката состојба кога се плашите од одредена специфична работа некои ја опишуваат како целосна „зависност“.

Обично, „зависноста“ може да ве доведе до дрога, алкохол, пушење, коцкање, па дури и секс. Но, всушност, има бесконечен број работи од кои луѓето можат да бидат зависни, а кои често се занемаруваат. Да речеме, можеби не можете да издржите да бидете сами без притоа да се занимавате со вашиот телефон.

И овој страв од тоа да го немате телефонот е познат како номофобија. Ментални нарушувања, социјална фобија, социјална анксиозност и панични нарушувања може да се развијат како резултат на симптомите на номофобија. Значи, ова не е нешто безопасно.

- Многу е тешко да се разликува дали пациентот станал номофобичен поради зависност од мобилни телефони или постојните анксиозни нарушувања се манифестираат како симптоми на номофобијата - пишува во студијата „Номофобија: фобија од останување без мобилен телефон“.

Кои се симптомите?

Всушност, 66 отсто од светската популација покажува знаци на номофобија, според истражување спроведено од „Силктест“, а ова се петте знаци кои укажуваат дека можеби страдате од оваа состојба.

-Се чувствувате вознемирени кога батеријата на телефонот ви згаснува.
-Не можете да излезете од дома без вашиот паметен телефон.
-Се чувствувате фрустрирани кога не можете да пристапите до телефонот.
-Го ставате вашиот живот или животите на другите во опасност за да го проверите вашиот паметен телефон.
-Го користите телефонот за да ги проверите деловните ажурирања додека сте на одмор.

И многумина од нас веројатно може да се поврзат со барем еден од тие симптоми. Но, добрата вест е дека постои излез.

Како да се реши проблемот?

Д-р Ана Лембке, експерт за зависности и професор по психијатрија и бихевиорални науки на Универзитетот „Стенфорд“, објаснува дека сѐ поголем е бројот на професионалци за ментално здравје кои препознаваат дека луѓето можат да станат зависни од нивните паметни телефони.

Д-р Лембке предлага да се направи извештај за користење на екраните. Кога ќе откриете колку време поминувате на вашиот телефон, можете да го откриете најдобриот пристап, со тоа што прво ќе преземете одговорност за состојбата. Следно, ќе поставите одредени правила околу секојдневната употреба на паметниот телефон.

-Користете апликации што го збогатуваат вашиот живот, што додаваат вредност и значење или што ви се потребни за работа, а не оние што ве пикаат во спирала, вели д-р Лембка.

Извор: klik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје