X
 23.06.2017 Живот

Кога велиш: „Жал ми е“ - гледај го човекот во очи

Ова се 22 совети од непалските мудреци за долг и здрав живот:

1. Говори полека, а мисли брзо.
2. Немој да им судиш на другите по нивните роднини.
3. Кога кажуваш: „Те сакам“ – кажувај ја вистината.
4. Кога велиш: „Жал ми е“ – гледај го човекот во очи.
5. Никогаш не се смеј на туѓите соништа и фантазии.
6. Давај им на луѓето повеќе отколку што очекуваат и прави го тоа со радост.
7. Не верувај на сѐ што слушаш, троши сѐ што имаш и спиј додека не се наспиеш.
8. Големата љубов и големите успеси секогаш бараат голем ризик.
9. Кога губиш, обиди се да извлечеш лекција од тоа, дури и корист.
10. Почитувај се себе, почитувај ги другите, одговарај за своите постапки.
11. Не дозволувај со мало недоразбирање да уништиш големо пријателство.
12. Секој ден помини некое време сам.
13. Биди отворен за промени, но не ги напуштај своите вредности.
14. Понекогаш тишината е најдобар одговор.
15. Читај повеќе книги.
16. Верувај во Бога, но секогаш заклучувај го својот автомобил.
17. Читај меѓу редови.
18. Дели го своето знаење со децата. Денес тоа е единствен познат начин да се стане бесмртен.
19. Никогаш не прекинувај кога ти ласкаат.
20. Не верувај на оној кој те љуби не затворајќи ги очите.
21. Проценувај ги своите успеси по тоа што си морал да жртвуваш за нив.
22. Твоето „Јас“ е конечна точка на твоето патување.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот