X
 23.06.2021 Технологија

Видете одблизу што се случува кога гори сателит во атмосферата

Научниците во Германскиот аеровселенски центар ДЛР направиле симулација на горењето на еден сателит во атмосферата на Земјата.

Научниците ја направиле симулацијата во специјална просторија во Германија во која набљудувале како гори дел од сателит при влегувањето во атмосферата.

Температурата на гасовите околу сателитот што гори стигнуваат до 7.000 келвини, или 6.700 целзиусови степени.


Симулацијата има цел да им помогне на научниците да прават сателити кои ќе создаваат помал отпад во орбитата кога ќе престанат да се користат.

Извор: Futurism
Фото: Screenshot
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија