X
 17.05.2023 Живот

Ким Џонг-ун го одобри лансирањето на првиот воен шпионски сателит

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја заврши инспекцијата на првиот воен шпионски сателит на Северна Кореја и даде зелено светло за неговиот иден план, известуваат државните медиуми во Пјонгјанг.

За време на неговата посета на севернокорејската воздухопловна агенција, тој нагласи дека истражувањето на вселената е клучно за спротивставување со САД и Јужна Кореја.

Пред еден месец Ким рече дека изградбата на сателитот е завршена и даде зелено светло за негово лансирање. Извештајот дојде по една недела откако Пјонгјанг лансира нова интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво, што означи голем напредок во нејзините програми за забрането оружје.

Се чини дека сателитот е полигонален цилиндар, покриен со златна изолациона фолија и опремен со соларни панели.

Во вторникот, откако беше детално запознаен со работата на комитетот, Ким Џонг-ун го прегледал воениот извидувачки сателит број 1, кој е готов по извршената проверка спроведена од генералното собрание.

Развојот на воен сателит беше еден од клучните одбранбени проекти наведени од Ким во 2021 година. Во декември 2022 година Северна Кореја соопшти дека извршила важен тест во последната фаза за развој на шпионскиот сателит. Пјонгјанг не кажа на кој датум ќе биде лансиран, иако Ким во април изјави дека сателитот ќе биде пуштен на планираниот датум.



Извор: The Guardian
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот