X
 23.07.2016 Образование

Начини за предавање на ученици за критички да размислуваат

Критичкото размислување не е нешто што се учи барајќи на интернет. Средношколците мораат да научат како да ги решат проблемите на поапстрактен, отворен начин. Средношколците може да гo развијат критичното размислување на разни начини.

Прашувајте прашања кои предизвикуваат размислување

Еден од најдобрите начини да им помогнете на учениците да ја развијат и вежбаат оваа вештина е со поставување прашања кои не можат да бидат одговорени едноставно. Прашањата кои бараат од учениците да прикажат докази и да размислуваат од повеќе перспективи, ќе им помогнат да ги развијат вештините на критичното размислување.

Овозможете конструктивен одговор

Професорите можат да им помогнат на учениците да го подобрат мислењето со константно оддавање на ефективен фид-бек на квалитетот на аргументите, разумноста и размислувањето на ученикот. Наместо да им кажат дека не се во право, требада пристапат со одговор кој нуди специфични и помошни предлози.

Учење базирано на проект

Ова нуди критично размислување за исполнување на одредени, потребни задачи. Било кој проект кој бара од учениците да ги проценат алтернативите со мерење на разни докази и потоа да ги постават тие проценки како главна цел, ќе им помогне на учениците да го развијат критичното размислување.

Охрабрувајте го објективното несогласување

За да им помогнете да ги развијат вештините, тие треба да бидат охрабрени да размислуваат на другите гледни точки. Објективното несогласување може да биде добра алатка за учениците да ги заострат нивните размислувачки вештини. Сепак пред било која дебата, професорот треба да постави некои правила: да нема несогласување на лична база.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование