X
 22.12.2017 Култура

Најдобрите филмови што сте ги пропуштиле во 2017 година

1
Фото: Sony Pictures Classic

Секоја година сè поголем број филмови се прикажуваат на кино, така што голема е шансата да сте пропуштиле неколку добри. За да не ја започнете 2018 година без филмови што дефинитивно треба да ги погледнете, веб-страницата „Вајрд“ нуди неколку предлози што можете да ги погледнете за време на празниците.


„The Big Sick“




Kумаил Нанџиани и студентката Емили Граднер се заљубуваат, меѓутоа, се појавуваат проблеми кога нивните култури ќе се судрат. Кога Емили открива дека има мистериозна болест, Кумаил мора да се соочи со нејзините родители, очекувањата од неговото семејство и неговите вистински чувства.

„Personal Shopper“




Филмот е за млада жена која се обидува психички да се поврзи со нејзиниот починат брат близнак и претставува еден од најдобрите филмови на Кристен Стујарт. Нејзиниот тивок интензитет и суптилна вознемиреност никогаш не работеле во нејзина корист колку што работат во овој филм, особено во последните моменти од филмот.

„Call Me By Your Name“




Љубовта никогаш не изгледала послатка! Дејствието во филмот е поставено во далечно северноиталијанско село во 1983 година, летото кога 17-годишниот Елио се заљубува во Оливер, кој му е асистент на неговиот татко. Базиран на романот од Андре Акиман и снимен со темпото на паѓањето на сончевата светлина, филмот на Гвадањино го пресоздава заљубувањето во сите негови возбудливи и кревки совршености.

„Mother!“



Чудната библиска приказна и еколошка алегорија на Дарен Арнофски е еден од најфасцинантните филмови за оваа година. Да признаеме, филмот не е за секого, но за оние што ја сакаат нивната религија пилоризирана, тогаш овој филм би бил совршенство.

„ВРМ“




Лесно е да се заборави колку итен и револуционерен беше одговорот на кризата со сидата во 80-тите и 90-тите години. За среќа, Робин Кампило повторно го става филмот во фокус. Дејствието на филмот е во Париз во раните 90-ти и следи група на „ACT UP“ активисти како што тие се борат да се грижат еден за друг и да ги уништат фармацевтските компании што ги држат нивните животи в рака. Инспиративен филм што сигурно ќе ви го скрши срцето.

„The Florida Project“




Сите сме фанови на Шон Бејкер уште откако сними филм со неговиот ајфон. Но, уште подобро дело е „The Florida Project“, приказна за младата Халеј, мајка на Моне. Филмот изобилува со емоции, така што не треба да си дозволите да го пропуштите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура