X
 23.07.2021 Живот

Како да препознаете жена психопат?

Психопатите се луѓе што имаат асоцијално однесување. Тие дејствуваат и се однесуваат различно од другите луѓе во секојдневието. Винифред Рул за „Сајколоџи тудеј“ посочува неколку карактеристики што ги имаат жените психопати, а кои може да ви помогнат полесно да ги препознаете.

Жените психопати сакаат да ги уништат другите

Многу жени психопати се обидуваат да ги уништат другите на кој било начин. Жената психопат може да ви ја уништи самодовербата или да ги сврти пријателите и семејството против вас со рушење на вашата репутација зад грб.

Многу жени психопати се патолошки лажговци и се поманипулативни од мажите психопати. Освен тоа, жените психопати сакаат да бидат во центарот на вниманието, а тоа го добиваат со манипулација. Таа дури може да пушти крокодилски солзи за да го добие сочувството од другите, за по кратко време да почне да се смее и да биде среќна.

Мелодраматични се и користат тактики

Жената психопат често се однесува мелодраматично и глуми за да ги убеди другите да ѝ веруваат. Таа ќе ги искористи сите методи за да го добие тоа што го сака, вклучувајќи и флертување со туѓ партнер или друг вид заведување. Жената психопат не е лојална никому. Таа може да направи да верувате дека треба да добие сè иако не дава ништо.


Фото: Pixabay

Овие жени дури може да крадат или уништуваат туѓа сопственост, но никогаш не го признаваат тоа. Тие може да ги обвинат жртвите за направената штета.

Водени се од завист

Без разлика колку ќе направите за неа, таа никогаш нема да биде благодарна. Таа многу завидува и сака да има сè бидејќи верува дека тоа ѝ следува зашто била обесправена во минатото. Таа не умее да цени никаков труд и ништо не ја прави задоволна.

Внимавајте доколку сподели тајна со вас во доверба бидејќи веројатно им ја кажува истата приказна и на другите, а можеби и станува збор за лага.

Неспособност за љубов

Најлошата карактеристика што ја имаат жените психопати е неспособноста за љубов. Овие жени не се способни да ги сакаат дури ни најблиските членови на семејството.

Извор: Psychology Today
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот