X
 23.08.2018 Наука

Најцврстиот морски лед на Арктикот се разбива

Во последните неколку дена најцврстиот морски лед почна да се крши. Лоциран северно од Гренланд, овој лед беше цврст кога луѓето почнаа да го набљудуваат кон средината на 60-тите години. Но, веќе не е така. Научниците веруваат дека ова ќе биде најава за новата ера за арктичкиот лед, ера во која речиси ниеден ледник нема да издржи цела година без топење.

Арктичкиот регион најмногу страда од климатските промени и искусува околу двапати повеќе затоплување од повеќето други делови на Земјата. Но, дури и со толку многу затоплување, сржта од морски лед околу половите остана неповредена во изминатите 50 години. На екстремниот север од нашата планета температурите ретко се високи, дури и во лето.

Оваа година арктичката зима беше најтопла во историјата, па беа измерени 35 Фаренхајтови степени во февруари. Високите температури во зима значат дека ледот бил послаб оваа година отколку во претходните.

Па, како изгледа тоа во практика? Еве една снимка од сателит на НАСА на која може јасно да се види како ледот се повлекува од брегот.

Ова се има случено само еднаш претходно, во текот на овогодишната зима.

Кога морскиот лед вака се повлекува од брегот, тоа им дозволува на потоплите води од Атлантикот да навлезат во Арктикот и принудува парчиња морски лед да запловат во потоплите води, каде што ќе се стопат.

Со топењето на овој лед, останува многу малку лед на Арктикот преку целата година. Резултатот е потопол Арктик кој одбива помалку сончева светлина, што води до ефекти кои придонесуваат за уште поголеми климатски промени. Постои опасност дека може да дојде до ефект на стаклена градина, при што температурата на Земјата ќе се стабилизира на неколку степени над сегашната.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука