Иако звучи контрадикторно, експлозивните вулкански ерупции и големите пожари го намалија глобалното затоплување за околу една петтина во последните осум години, според ново истражување.
Ерупцијата на вулканот Калбуко во 2015 година, во јужниот дел на Чиле, и шумските пожари во Австралија во 2019 и 2020 година испратија огромни количества чад и гасови високо во атмосферата кои ја апсорбирале топлината што ја напушта Земјата и ја рефлектирале сончевата светлина назад во вселената. Новото истражување користело податоци собрани со специјални балони кои биле испратени високо во атмосферата, над Тибет и САД.
Научниците заклучиле дека овие природни катастрофи навистина ја изладиле Земјата, а важен е и фактот што се случиле на места на помала географска ширина, поради што чадот и гасот побрзо се ширеле и останале во воздухот подолго отколку кога би се случиле поблиску до половите.
Научниците посочиле дека глобалното затоплување континуирано напредува, поради што со текот на времето сѐ помалку ќе се чувствува ефектот на ладење предизвикан од можни идни слични појави.
Извор:
Green
Насловна фотографија: Pixabay