Не е како оној во вашиот автомобил, но тим физичари од колеџот „Тринити“ во Даблин, Ирска, изградиле мотор за кој велат дека е најмал во целиот свет. Моторот има големина колку еден јон на калциум - околу десет милијарди пати помал од мотор на автомобил.
Наместо да го напојува вашето следно патување, атомскиот мотор еден ден би можел да се користи како основа за извонредни футуристички нанотехнологии.
Еве како работи. Јонот на калциум има електричен полнеж, поради што се врти. Овој момент на импулс потоа се користи за да конвертира топлина од ласерски сноп светлина во вибрации. За возврат, тие вибрации дејствуваат како „погонско тркало“ - механичка направа која е способна да складира ротациона енергија.
- Погонското тркало ни овозможува да го измериме производството на енергија на атомскиот мотор - истакна Марк Мичисон, коавтор на статијата објавена во списанието „Физикал ривју летрс“.
Сличен мотор од јон на калциум беше составен од страна на тим германски физичари во 2014 година - машина која користи само еден атом за да
функционира.
Фото: Trinity College Dublin