Ирците се познати по добрите манири, а доказ за тоа е и нивното однесување во јавните автобуси. Според неодамнешно истражување, дури 90 отсто од граѓаните на Даблин му се заблагодаруваат на возачот на автобусот пред да излезат. Некои го прават тоа тивко, но има и такви што извикуваат од задното седиште.
Повеќето од туристите се воодушевени од ваквата навика, а на форумите за патување пишуваат дека тоа однесување ги поттикнува да се однесуваат подобро и да ја покажуваат својата благодарност.
- Зошто им се заблагодаруваме на возачите на автобуси во Ирска? Затоа што сме Ирци! Генерално, луѓето во Ирска имаат многу добри манири. Им се заблагодаруваме на возачите на автобуси, таксистите, продавачите, келнерите и на сите други што си ја вршат својата работа - баш како и ние самите - објаснува една жителка на Ирска.
- Во недостигот на сончеви денови, среќата ја бараме во топлата насмевка и едноставната љубезност (и понекој пијалак) - смета Боби Хили, жител на Даблин.
Извор:
Pun kufer
Насловна фотографија: Pixabay