X
 23.08.2019 Образование

Поблиску до УКЛО: Технички факултет - Битола

Во историјата на градот Битола, низ архивските записи и многубројната техничка и проектна документација за капиталните дела и објекти, цели 58 години од далечната 1961 год. се провлекува името на Вишата техничка школа, на почеток, а денес - препознатливиот Технички факултет - Битола.

Teхничкиот факултет - Битола (ТФБ), како единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, е модерна високообразовна установа која успешно ја комбинира високообразовната, научноистражувачката и апликативната дејност, следејќи ги европските и светските трендови во образованието и целокупното општествено живеење. Резултат на ваквата активност се илјадниците стручњаци кои го стекнале своето образование во рамките на оваа установа и го ставиле својот потпис на одговорни проекти, а добар дел од нив излегле од својата анонимност и достојно ја претставуваат македонската држава во европски и светски рамки.

1

Преку постојана промена во насока на осовременување и усовршување на студиските програми, Факултетот успева да ја доближи нашата земја до земјите што го негуваат образованието, но и истовремено да ги воведе сите новини што ги носи современата наука. Teхнички факултет – Битола, со своите кадровски, просторни, технички и севкупни услови за студирање, на своите студенти им нуди современи акредитирани и атрактивни студиски програми во чекор со европскиот систем на високо образование. Факултетот има водечка позиција во рамките на Универзитетот и нуди широк спектар на студиски програми од прв, втор и трет циклус на студии. ТФБ практично претставува своевиден технички универзитет со пет отсеци, кои покриваат одделни научноистражувачки полиња и области, во чии рамки се реализира настава на повеќе студиски програми од прв циклус на студии, и тоа:

• Машинскиот отсек:

  -четиригодишни универзитетски студии по машинство,

  -четиригодишни универзитетски студии по инженерство за заштита на животна и работна средина,

• Електротехничкиот отсек: четиригодишни универзитетски студии по електроенергетски системи,

• Отсекот за сообраќај и транспорт:

 - четиригодишни универзитетски студии по сообраќајно-транспортно инженерство,

- четиригодишни универзитетски студии по сообраќајно-транспортни системи и технологии,

• Отсекот за графичко инженерство: четиригодишни универзитетски студии по графичко инженерство и дизајн,

• Отсекот за индустриско инженерство и менаџмент: четиригодишни универзитетски студии по индустриско инженерство и менаџмент,

• една интердисциплинарна студиска програма по мехатроника (четиригодишни академски студии), како и студиска програма по информатика и техничко образование (заедничка студиска програма со Педагошки факултет – Битола).

2

Факултетот посветува особено внимание не само на соработката со факултетите и универзитетите од државата, туку и на меѓународната соработка со странски универзитети, преку потпишување договори за соработка во научноистражувачката дејност, но и мобилност на студентите и академскиот кадар, со цел обезбедување квалитет во студирањето препознатлив како за домашните, така и за странските компании.

ТФБ е прва станица на домашните и странските инвеститори во областите кои ги покрива со своите активности. Студиските програми што ги нуди се интегрирани во опкружувањето и поврзани со пазарните потреби. ТФБ има традиционално воспоставена соработка со приватните фирми од стопанството, како и со јавните државни претпријатија. Студентите во текот на студирањето имаат можност за практиканство во атрактивни компании кои нудат стипендии за студентите на ТФБ уште во првата година на студии.

Студирајќи на ТФБ, добивате можност да се стекнете со широк спектар на знаења, да се стекнете со диплома призната во светски размери, можност за вработување на атрактивни позиции, како и можност за стручно усовршување и натамошно надградување на образованието на втор и трет циклус на студии. ТФБ, како дел од УКЛО, веќе 58 години успешно придонесува во формирањето на висококвалитетен инженерски кадар од областа на машинството, сообраќајот и транспортот, електротехниката, графичкото инженерство, мехатрониката, индустриското инженерство и менаџмент, кадар подготвен и обучен за успешно извршување на своите должности во индустриските компании, а секако добар дел од нив го продолжуваат своето образование во земјата или странство. Посебна гордост ни претставува фактот дека нашиот факултет е расадник за развој на квалитетни кадри од областа на техничките науки. Тоа го потврдуваат и големиот број успешни стопанственици, истражувачи, научници, политичари, кои со своите знаења се стекнале на Техничкиот факултет во Битола.



Денес, Teхнички факултет - Битола, како единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, е лидер во високото образование во регионот, рамноправен партнер на голем број престижни факултети во европските и светските универзитети, притоа задржувајќи ја својата позиција како јадро на техничката мисла и надградба.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование