„Образованието е најсилното оружје што треба да се користи за да се промени светот“ – Нелсон Мандела, поранешен лидер на Јужноафриканската Република.
„Паметна глава и добро срце се секогаш посакувана комбинација. Но кога тоа е дополнето со писмен јазик или пенкало, вие имате нешто извонредно“. Цитатите и мислите на големиот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела се едни од најинспиративните кога зборуваме за образование и напредок на едно општество.
Но и покрај умните апели и формули истакнати од големи луѓе како што е самиот тој, според официјалните статистики на Обединетите нации, светот денеска брои над 177 милиони возрасни кои се неписмени и 244 милиони деца и младинци кои се надвор од училишните клупи.
Имајќи ги предвид овие поразителни статистики, дополнети со многубројните недостатоци во образовните програми, OОН преку својата канцеларија за образование, УНЕСКО, во 2018 година реши 24 јануари да го прогласи за Меѓународен ден на образованието. Целта е кај главните актери во светот да се подигне свеста за важноста од квалитетното образование.
„Без инклузивно и квалитетно образование (…), земјите нема да успеат во исполнувањето на целите за родова еднаквост и прекинување на циклусот на сиромаштија“, заклучуваат од Обединетите нации.
Потребите за посилно инвестирање во квалитетно образование ги истакна и пандемијата на коронавирусот. Во услови на затворен свет и онлајн настава, сите недостатоци во образовните концепти испливаа на површина.
Токму таквите податоци, заедно со поразителната статистика за неписмени деца и деца надвор од училишните клупи, се меѓу поголемите причини меѓународните организации, како што е ООН, да го стават образованието во главниот фокус и да работат на нови стратегии за напредок на образованието.
Што значи добро образование?
Науката познава многу дефиниции за добро и квалитетно образование, но според нас, една од подобрите што дава вистински сублимат на придобивките на доброто образование е следнава:
„Добро и квалитетно образование е она што им дава на учениците вештини да станат економски продуктивни, да развијат одржлив начин на живеење, да придонесат за развојот на мирни и демократски општества и да се грижат за индивидуалната добросостојба“, дефиниција на непрофитната организација VVOB – едукација за развој.
Според последните податоци на ПИСА, најпознатата меѓународна програма на ОЕЦД за проверка на знаењето меѓу учениците, рангирањето според држави е следно:
1. Финска
2. Данска
3. Шведска
4. Норвешка
5. Австрија
6. Германија
7. Франција
8. Швајцарија
9. Ирска
10. Естонија
Неколку од причините поради кои Финска е со најдобар образовен систем години наназад се следните:
• Не постојат стандардизирани тестови. Секое дете е индивидуално оценето, а тестот го прави самиот учител.
• Програмите за учители се едни од најригорозните програми во светот, а за еден учител да влезе во јавно училиште, пред сѐ, мора да има завршено магистерски студии и да помине низ ригорозна селекција.
• Не постои натпревар, има само соработка. Водена од мислата на Самули Паронен дека вистинските победници не се натпреваруваат, Финска не прави листа со најдобри школи или учители.
• Наместо на резултатите, Финците се попосветени да создадат среќна, хармонична и здрава средена која ќе им овозможи на учениците добро да учат.
Како IQ UP го подобрува квалитетот на образованието?
Водени од добрите практики на модерните и современите земји кои се лидери во добрите образовни програми, како што е Финска, ние во IQ UP создадовме иновативен образовен концепт во кој употребуваме современи пристапи, техники и методи за да ги воведеме децата во магичниот свет на науката, технологијата, математиката, инженерството и уметноста.
Целта на нашата едукација е стекнување функционално знаење и умствени вештини за целосен интелектуален развој на нашите ученици, односно создавање хармонична средина во која децата ќе сакаат да присуствуваат и да учат.
Она што нѐ прави уникатни, различни од другите, е што првпат направивме дополнување на позната и докажана СТЕАМ-методологија со часови за програмирање. На тој начин ги заокруживме сите најпотребни дисциплини за едукација на деца во денешниот, современ свет.
Последно, но не помалку важно, е што нашиот тим од професионалци постојано ги следи сите нови методологии и практики, и секогаш кога е потребно, ја подобруваме нашата програма, приспособувајќи се на најсовремените методики и развојни програми.
За повеќе информации околу нашата програма и кој е бенефитот што децата го добиваат, посетете ја нашата интернет-страница www.iqup.mk.
(Комерцијална објава)