Студентите на академиите на визуелни уметности и моден дизајн на „Џолев и уметностите“ успешно ја продолжија својата кариера

Студентите на академиите на визуелни уметности и моден дизајн на „Џолев и уметностите“ успешно ја продолжија својата кариера

Како заокружување на една успешно сработена сезона, студентите на Aкадемијата за визуелни уметности и Академијата за моден дизајн на „Џолев и уметностите“ имаа можност да ги презентираат своите портфолија пред главни менаџери на адвертајзинг-агенции, дизајн-студија, модни ателјеа и конфекции, видео и фотопродукции, каде што секој од студентите ќе има можност да обработи месечна пракса и трајно да се вработи.

+ 90% од студентите, од минатогодишното искуство, се вработија во компаниите каде што присуствуваа на пракса или основаа свои компании.

Презентациите на портфолијата се дел од предметите развој на лична кариера и бренд-менаџмент од областа на дизајнот со цел да им помогне на студентите во нивниот понатамошен професионален развој.

За таа цел зборуваме со менторите на овие два предмети, Крсто Златков, маркетинг-специјалист во „Сеавус“- Едукативниот и развоен центар, одговорен за предметот развој на лична кариера, и Ирина Тошева, модна дизајнерка и менторка на предметот бренд-менаџмент, како и со Бинаса Дрндар, студент на Академијата за визуелни уметности, која посетуваше пракса во маркетинг-агенцијата „Публицис“.

Како се наметна потребата од изучување ваков тип предмети?

4
Ирина Тошева

Ирина:
Водењето успешен (моден) бренд е 90% бизнис-одлуки и 10% уметност/дизајн. За време на образованието скоро целото внимание е посветено на тие 10%. Но, што потоа? Младите брендови првите сезони ги „бараат“ своите клиенти. Колку повеќе си запознаен со пазарот во кој се впушташ, толку повеќе можеш да бидеш сигурен во одржливоста на продуктот кој го нудиш. Колку поголемо истражување направиш на почетокот, толку повеќе пари ќе „заштедиш“ понатаму.

Крсто: Информации. Како луѓе постојано сме пред предизвик на секојдневно донесување одлуки, а кога станува збор за нашата професионална определба и градење лична кариера, тие одлуки честопати ги носиме под влијание на околината во која живееме и информациите со кои располагаме до тој момент. Под овие влијанија знаеме да бидеме во заблуда и да донесеме погрешен избор, а потоа да ни требаат години и години за тоа да го осознаеме. И сето ова ни се провлекува уште од најмалата возраст, каде што од една страна ги имате родителите кои сакајќи да ни направат добро, не се ни свесни дека нивното влијание може да отиде во спротивен правец и формалното образование, кое не успева сите овие години да ни ги понуди вистинските одговори за тоа кои сме ние и во што сме најдобри. Од друга страна, вие имате и лица што поседуваат одлични знаења и вештини, но не умеат истите да ги искористат во градење подобра позиција на пазарот на труд. Затоа, наместо да се фокусираме само на основата од теориите и практиките од предметите на самите студии, ние на студентите им нудиме можност за личен развој каде што важноста и фокусот се ставени пред сѐ на тоа како самите да станат подобри луѓе, но како преку менаџмент-пристапот да ги решаваат секојдневните предизвици или наједноставно кажано, како да продолжат успешно да чекорат и по завршување на студиите.

5
Крсто Златков

Колку предметите развој на лична кариера и бренд-менаџмент ти помогнаа при изработка на портфолиото?

Бинаса: Еден од најпредизвикувачките моменти при самиот крај на академијата беше токму изработката на портфолиото, одбирањето на соодветните и најдобрите проекти. Она што особено ми се допадна кај овие предмети е токму внимателното и корисно насочување кое го добивме на почетокот на академијата (на предметот развој на лична кариера) и насоките за изработка на портфолио, како и презентации од стручни лица на бренд-менаџмент, со цел да се претставиме успешно и во најдобро светло пред компаниите. Пробната презентација и фидбекот што го добивме на истата ми помогнаа да го усовршам моето портфолио.

7
Бинаса Дрндар

Колку овие предмети помагаат за основање личен сопствен бренд?


Крсто: Предметот кариера е поделен во три дела. Во првите два дела ги осознаваме факторите на влијание за развој на една личност и се запознаваме со алатките и стратегиите за градење на лична кариера, користејќи ги формите за развој на еден бренд преку изучување на менаџментот, маркетингот и продажбата. Во третиот дел, работиме на „меките вештини“, преку подготовка на завршни портфолија со финалните проекти од стручните предмети на академијата, запознавање со процесот на регрутација на кадри и презентации пред избрани компании каде што студентите продолжуваат на пракса со можност за вработување. Од првата генерација над 90% од студентите останаа во компаниите каде што посетуваа пракса, а тоа се добро познати и реномирани компании меѓу кои: „Њу Момент“, „Публицис“, „МекКеин“, „Сеавус“, „Кома Дизајн Студио“, „Хепинес маркетинг“, ПР агнеција „Навигаторс“, Издавачките центри „Три“ и „Арсламина“, „Фешн викенд“, „Булески – модно студио“, „Атеље Ирина Тошева“, „MATRA“, „Белла“ и други.

Ирина: Програмата им помага на студентите полесно да разберат како да ги постават „столбовите“ на својот бренд. Опфатени се сите оние точки кои се од фундаментално значење за правење на вистинските чекори при стартување започнување на бизнисот. Се следат домашни и странски примери, се посветува големо внимание на вежбање и усовршување на продажните вештини, истражување на пазарот каде е позициониран брендот на секој студент, како луѓето го прифаќаат и како јавноста очекува да им биде презентиран. Часовите се воедно и припрема за презентациите со кои студентите стигнуваат до посакуваните пракси.

Која е целта на праксите и со какви практични знаења се стекнуваат студентите?


Ирина: Модата е многу повеќе од цртање „фустанчиња“. Тоа е професија што бара многу работа и пракса. Дизајнерот мора да е запознаен со сите процеси, од составот на материјалот и неговото одржување, создавањето на парчето и сите фази на кроење/шиење до финалната презентација. Праксите во компаниите им помагаат на студентите на „ѕирнат“ голем дел од овие процеси и научат како да ги применуваат и понатаму.

Крсто: Една од најважните работи на која ги учиме студентите на овој предмет е да не задоволуваат форма! Па така и целта на овие пракси не е да го задоволиме фондот на часови, некаков си потпис или маркетиншки да звучи убаво, туку целта е да ги запознаеме студентите со компаниите и пазарот и да им ги дадеме оние нивни „5 минути“ што со години ги сонувале.

Какво беше за тебе искуството со започнатите пракси. Што научи?


Бинаса: Досега бев на само една пракса и истата беше едно прекрасно искуство. Убаво е кога си опкружен со луѓе од креативниот свет, бидејќи секојдневно учиш и дознаваш новости за она кое го работиш, но и за други полиња и области (луѓето таму несебично споделуваа). Мислам дека тоа е една од работите што најмногу ми се допаѓаат кај креативците, што не го чуваат знаењето за себе, туку го споделуваат со останатите (особено со почетниците). Едноставно, едвај чекав да отидам на пракса, бидејќи секој ден содржеше нешто интересно и корисно да се научи, а тоа е доста мотивирачки, особено за компанија во Македонија.

3

Какво беше искуството за тебе на Академијата за визуелни уметности?


Бинаса: Кога би можела да ги најдам вистинските зборови.. ☺

Но, ајде да се обидам. Замислете се себе си како целиот живот правите работи што ги сакате, уживате во моментите, го сакате она што го работите, но сепак имате чувство дека нешто недостига во целата таа сложувалка. Моментот кога почнав да ја посетувам Академијата за визуелни уметности, го пронајдов делчето што фалеше во таа сложувалка. Покрај знаењето што го стекнав во различни области од уметноста (фотографија, илустрација, графички дизајн), се најдов себе си во круг на прекрасни креативни умови, кои секојдневно ме фасцинираа и ме поттикнуваа да откривам повеќе за мене како и за уметноста околу мене. Влијаеја да осознавам нови перцепции и начини на гледање на сѐ околу мене и несебично го делеа своето знаење и светоглед со нас. Особено ми е драго што повеќето од нив ми станаа и драги другари и другарки, а можеби и идни соработници ☺.

2

Во новата академска година „Џолев и уметностите“ се збогатени со нова академија - академија за продукт дизајн.

За првпат во нашето образование се создава академија од ваков вид. Оваа академија ќе вклучува нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава со практична активност во мултифункционално студио за производство на прототипи и конечни производи и компјутерска лабораторија со 3Д-принтери.

Она што е клучно за студентите е што во наставата се вклучени еминентни универзитетски професори, дизајнери и дизајн-студија.

Уписите за сите три академии се во тек, со попусти за рани уписи, повеќе ТУКА.

(Комерцијална објава)