X
 06.07.2015 Интервјуа

Интервју со светскиот првак во кикбокс, Димитар Ѓорѓиев

Димитар Ѓорѓиев веќе ѝ донесе неколку злата на Македонија во кикбоксот. Но, тоа не е доволно за него. Тој ни порачува да го очекуваме следното злато од него веќе овој октомври. Прочитајте го интервјуто кое го направивме со светскиот првак во кикбокс од Неготино, Димитар Ѓорѓиев.


Ф: Кога откри дека сакаш да се занимаваш со кик-боксот?

Димитар: После првиот тренинг кога дознав колку сум надвор од форма.

Ф: Како кик-боксот влијаел на твојот живот?

Димитар: Многу добро, за почеток добив многу добри совети од мојот тренер кои сè уште ги следам, а и мојата негативна енергија секогаш ја исфрлам на тренингот.

Ф: Како изгледа еден твој тренинг?

Димитар: Зависи од тренингот, најчесто е со кардио вежби надокнадени со техника.


Ф: Имаш ли идол или инспирација?

Димитар: Моите родители и мојата сестра ми се најголема инспирација за тоа како треба да успееш и постигнеш високи цели во животот.

Ф: Како гледаш кон конкуренцијата?

Димитар: Конкуренцијата е многу добра работа, благодарение на неа се надградуваш и стануваш многу подобар.

Ф: Што би сакал да видиш во македонскиот кик-бокс во следниве 5 години?

Димитар: Заедно со моите колеги да донесеме 10-ина светски злата.


Ф: Една од најважните карактеристики која ја има секој успешен спортист е дисциплината. Кој е твојот совет до младите спортисти во врска со ова?

Димитар: Можам со сигурност да му кажам дека жртвата која ја даваат за да постигнат резултат навистина ќе му се исплати и никогаш нема да се каат поради тоа.

Ф: Што да очекуваме од тебе во иднина?

Димитар: 3-то светско злато во октомври и професионален кикбокс-центар за исфрлање на негативна енергија, па и по некој шампион да излезе оттаму.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Интервјуа