X
 12.02.2018 Технологија

Прашања за интервју за практикантите во „Спејс Екс“

„Спејс Екс“ на Илон Маск е прогласена за една од најдобрите компании за вработување. Вработените даваат свој придонес во дизајнирањето, градењето и лансирањето ракети кои би требало да ги носат луѓето на Марс. Претпоставувате дека се добиваат тешки прашања на интервјуата за вработување. Секоја година повеќе од 700 практиканти се вклучуваат во компанијата и исполнуваат 80 часа работа неделно. Се плаќаат 22 долари на час. Процесот на вработување подразбира две телефонски интервјуа, а за тоа време кандидатите одговараат на некои од следните прашања:

фотоизвор: InterStellar News

1. Што се композити?

2. Која е големината на целиот број во 32-битен систем?

3. Да речеме дека имате варијабла „вар“ која има вредност „2“. Што ќе се покаже ако печатите „вар++“? Ако печатите „++вар“ на следната линија, што ќе се покаже? Која е финалната вредност на „вар“?

4. Што е нулти покажувач?

5. Ако имате голем, тежок предмет кој се движи многу, многу брзо, како безбедно ќе го забавите?

6. Што мислите за дизајн кој го штити електрично затегнување од остар предмет што паѓа од горе?

7. Замислете конзолен зрак фиксиран на еден крај со маса „ m“ и должина „L“. Ако овој зрак е предмет на инертна сила и рамномерно распределено оптоварување „w“, кој е моментот присутен на должина од „L/4“?

8. Како ќе приклучите сензитивен инструмент на површина што се тресе?

9. Како ќе најдете циклус на листа со една спојка?

10. Постојат секакви видови дата-структури, како низи и купишта. Зошто не може да има само една што ќе прави сè?

11. Една страна од зракот е приклучена на ѕид, а другата е слободна. Ако се нанесе сила, дали ќе се прекрши и што е потребно да се знае за да се одреди силата што би го прекршила зракот?

12. Што се случува кога трчате по висока струја низ парче никел кое допира парче бакар?

13. Опишете го процесот на дизајнирање на серија цевки кои ќе се користат во брз систем за гориво за ракетен мотор со течен погон. Вклучете ги равенките што би биле најдобри за случајот за извршување калкулации за течен притисок и структурни размислувања.

14. Како ќе ја регулирате температурата на нешто во вселената? Кој е вашиот главен ограничувачки фактор?

15. Што ве прави различни од секој друг инженер што аплицира во „Спејс Екс“?
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија