X
 23.09.2021 Образование

Работи што може да им го олеснат животот на студентите

Новата академска година само што не почнала, а за многу студенти тоа значи и селење во студентски дом или друг вид сместување. За да им помогне на студентите полесно да се преселат, порталот „Студентски“ направи листа со работи што може да им го олеснат престојот во новиот дом на студентите.

Мал вентилатор

Иако моментално можеби не размислувате за летото, вентилаторот во собата е вистински спас кога ќе се зголемат температурите.

Наддушек

Душеците во студентските домови понекогаш може да бидат неудобни, а во становите не е реткост и спиењето на кауч. Наддушекот ќе помогне во двете ситуации.

Лепливи закачалки

Малите закачалки што се лепат се идеални за закачување торби, јакни и други работи.

Мини правосмукалка

Доколку може да набавите мала правосмукалка, таа е многу подобра опција од големата бидејќи не зафаќа простор.

Корпа за валкани алишта

Иако можеби ви звучи како нешто непотребно, верувајте дека ќе бидете среќни што сте зеле корпа за валкани алишта.

Самовар

Овој уред е идеален за брзинско загревање вода за кафе или подготовка на некој брз оброк.

Продолжен кабел

Во собата ќе имате многу уреди што трошат струја, па затоа продолжениот кабел е нешто што мора да го имате.

Мал чадор

Малиот чадор кој може да го собере в ранец ќе ви се најде повеќе отколку што мислите.

Академски планер

Без разлика на дигиталните календари и планери, добриот академски планер за запишување на роковите и обврските ќе му биде од помош на секој студент.

Извор: Studentski
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование