X
 23.09.2022 Живот

СУГС „Марија Кири Склодовска“ е домаќин на седмиот „Пензиски парк“

По само неколку дена од најавата за продолжување на еколошките акции, трите пензиски друштва создадоа нов „Пензиски парк“ во средното хемиско училиште во Скопје, СУГС „Марија Кири Склодовска“. Со садењето 15 средно созреани листопадни садници од пет вида, заедно со учениците, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје го отворија и седмиот зелен парк.



Во согласност со најавата за периодот што следува, во рамките на едукативната кампања „Засади желба за поубава иднина“, покрај акциите за информирање и едуцирање на младите за придобивките од членувањето во задолжителниот и доброволниот пензиски фонд, пензиските друштва ќе продолжат да создаваат „Пензиски паркови“ на различни локации низ земјава.

Неодамна тие изјавија дека со секој нареден парк нивниот мотив за вложување во ваквите едукативни и општествено одговорни кампањи расте, па така со нескриено задоволство му пристапија и на денешното садење.



- Имајќи ја предвид девизата „Заедно сме посилни“, дозволете најнапред да се заблагодарам за топлото добредојде и што ја прифативте иницијативата да бидете дел од едукативната кампања на пензиските друштва „Засади желба, за поубава иднина“, активно да учествувате
во реализација на нашата идеја и заедно да придонесеме за едно поубаво утре за сите нас. Желбата за поубава иднина е присутна кај секој од нас, оттука и стремежот да направиме нешто повеќе, да дадеме свој придонес во насока на обезбедување подобра иднина. Ние како пензиски друштва сме обединети во идејата дека иднината зависи од нашите активности и постапки во сегашноста, секој мал потег денес ќе го одбележи нашето утре.
Нашата заедничка цел е со овој тип активности да ја покренеме вашата свесност и да ве насочиме и мотивираме да не застанете тука, туку постојано да трагате по нови информации и континуирано да вложувате во својата и иднината на вашите најблиски, бидејќи иднината е посигурна кога знаете повеќе. Секое засадено дрвце кога ќе го погледнете од вашите училишни клупи, нека ве потсети на одговорната улога што ја имаме сите ние, и дека секој чекор и најмала инвестиција ќе ни се врати во иднина. Сите ние посакуваме и работиме овие активности да прераснат во традиција и да бидат наш заштитен знак кој постојано ќе нѐ потсетува на нашата одговорна улога во планирањето на иднината – ги поздрави учениците Сунчица Нешовска од Триглав пензиско друштво а.д. Скопје.



И директорот на СУГС „Марија Кири Склодовска“, Дарко Спасев, ја искористи пригодата да изрази задоволство од плодот на соработката со пензиските друштва.

- Особена чест и задоволство ми претставува тоа што нашето училиште е избрано за учество во кампањата „Засади желба за поубава иднина“ и изразувам голема благодарност до пензиските друштва. Најпрвин сакам да напоменам дека нашето училиште е единствено училиште во Градот Скопје, а едно од неколкуте училишта во државата во кои се изучува образовниот профил - техничар за заштита на животната средина од хемиско-технолошката струка. Сакам да напоменам и дека оваа организирана акција за засадување на дрвјата е од големо значење за училиштето и општеството, а со тоа се испраќа и порака до младите генерации за поубава и подобра иднина за сите. Апелирам овие акции да се организираат сѐ почесто за да се допре до свеста на граѓаните - истакна тој.



Сите информации и активности поврзани со кампањата „Засади желба за поубава иднина“ се достапни на веб-страницата www.penzija.mk
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот