X
 19.09.2022 Живот

Желбите за поубава иднина се умножуваат - пензиските друштва продолжуваат со раззеленување на училишните дворови

Во октомври минатата година во јавноста никна една прекрасна кампања полна со едукативни и општествено одговорни активности која преку пример им покажа на младите генерации дека секоја денешна постапка може да биде инвестиција во процесот на градење поубава иднина.

Слични едукативни и информативни кампањи за придобивките од членувањето во задолжителниот и доброволниот пензиски фонд беа организирани од трите пензиски друштва и во изминатите 6 години и беа насочени кон целото население.



Овој пат, со „Засади желба за поубава иднина“, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје направија чекор, односно неколку чекори подалеку - ја заживеаја грижата за иднината преку симболиката на зелените „Пензиски паркови“ во дворовите на 6 средни училишта во Скопје, Охрид, Струмица и Свети Николе.

Денес, со нескриено задоволство тие најавуваат продолжување на активностите и креирање нови „Пензиски паркови“ до крајот на септември.

- Оваа година се насочивме кон активирање на промени за еколошки и социјални цели, за да ги поттикнеме, мотивираме и инспирираме младите генерации, со цел заеднички да поставиме нови стандарди за подобра и поквалитетна средина за живеење. Нашата желба е овие напори да вродат со плод на една убава традиција која сите ќе ја негуваме. Среќни сме што за релативно кратко време успеавме да ја прошириме листата на „Пензиски паркови“, за која веруваме дека само ќе продолжи да расте - истакнуваат од пензиските друштва.



Покрај еколошкиот и општествено одговорниот аспект со кој ја збогатуваат информативната кампања, „Пензиските паркови“ помагаат и во едукација и директна активација на младите во нивното создавање и одржување. Во садењата, покрај учениците, учествуваат и претставници од пензиските друштва, чија цел е преку сопствен пример да ги мотивираат младите да станат активни учесници во грижата за животната средина и за својата иднина.



- Кампањата „Засади желба за поубава иднина“ е насочена и кон широката јавност, со цел да се обезбедат што е можно повеќе индивидуални позитивни примери преку кои целото општество ќе се доближи до поубава иднина кон која се стремиме сите, затоа што симболиката на оваа кампања е токму во уделот што крајните корисници го имаат во планирање на сопствениот живот и иднина - објаснија претставниците на пензиските друштва.

Сите информации и активности поврзани со кампањата „Засади желба, за поубава иднина“ се достапни на веб-страницата www.penzija.mk

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот