X
 03.12.2024 Живот

Успешно реализирана четвртата по ред акција за пошумување во рамките на кампањата „Замени и засади“ на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

На 29 ноември 2024 година, во близина на Караџица, село Кучково, Скопје, се спроведе акцијата за пошумување во рамките на кампањата „Замени и засади“. На површина од 1 хектар се посадија 2.500 садници црн бор, со што се направи значаен чекор кон обновување на шумите и подобрување на животната средина.

Главната цел на акцијата „Замени и засади“ е да ги охрабри членовите на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје да направат промена во начинот на добивање на извештаите за својата пензиска заштеда, односно наместо по пошта, извештајот да го добиваат електронски. Со оваа иницијатива не само што се овозможува поефикасна и побрза комуникација, како и навремена информираност на членовите, туку и директно се намалува користењето хартија, со што се придонесува за зачувување на природата.

Како знак на благодарност кон сите членови што ја направија оваа промена, КБ Прво продолжува со својата обврска: за секој направен чекор кон електронски извештај да засади по едно дрво.



Оваа акција, која секоја година се спроведува во координација со ЈП Национални шуми, доби силна поддршка од нашиот тим на вработени, како и од тимот на нашите деловни соработници Комерцијална банка АД Скопје и Шпаркасе банка АД Скопје, кои придонесоа за успешната реализација и покрај неповолните временски услови.

- Изразуваме огромна благодарност до сите што го поддржаа настанот и помогнаа оваа акција да се претвори во успешна приказна. Сакаме да ја потенцираме важноста на оваа акција и ја споделувме и со јавноста за да биде инспирација за нашето членство и за идните генерации. Покрај подигнување на еколошката свест, сакаме да упатиме апел и до нашето членство за важноста од навремено информирање за нивните пензиски заштеди, со цел обезбедување долгорочна финансиска стабилност - велат од КБ Прво.

Кампањата „Замени и засади“ продолжува со нови активности и повици за колективна одговорност кон природата. Следете ги нашите иницијативи и приклучете се во мисијата за зачувување на животната средина!



Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229







(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот