На преминот во новиот милениум, Бил Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“, направи серија технолошки предвидувања во неговата книга „Бизнисот со брзината на мислата“. Секако, тоа не значи дека Гејтс е Нострадамус, туку дека уште во 1999 година имал длабоко разбирање за технологијата и правецот во кој таа ќе се движи.
Ова се некои од неговите предвидувања што се остварија.
Веб-страници за споредба на цените
Гејтс очекуваше развој на веб-страници кои овозможуваат споредба на цените на различни производи. Денес, ваквите платформи го олеснуваат наоѓањето на најдобрите зделки во речиси сите индустрии.
Мобилни телефони
Во својата книга Гејтс ја предвиде сеприсутноста на мобилните телефони. Тој напиша дека секој ден ќе носиме мали уреди кои ќе ни овозможат постојано да бидеме поврзани и да работиме каде и да сме.
Онлајн финансиски услуги
Гејтс предвиде дека луѓето ќе плаќаат сметки, ќе управуваат со финансиите и ќе комуницираат со лекарите преку интернет. Денес користиме услуги како интернет-банкарство и телемедицински услуги што овозможуваат полесно управување со финансиите и здравјето.
Виртуелни асистенти
Иако не ги предвиде точно Алекса и Сири, Гејтс замислил лични асистенти кои ќе ги синхронизираат уредите, ќе собираат информации и ќе ги олеснат секојдневните задачи на човекот.
Системи за надзор во домовите
Гејтс замислил постојани видеопреноси кои ќе нè известуваат кога некој ќе го посети нашиот дом во наше отсуство. Денешните уреди како системот „Гугл нест“ го овозможуваат токму тоа.
Социјални мрежи
Гејтс опиша приватни веб-страници за семејството и пријателите. Иако социјалните мрежи како „Фејсбук“ и „Инстаграм“ не се целосно приватни, тие овозможуваат постојана поврзаност со луѓето.
Автоматски генерирани реклами
Гејтс замислил софтвер кој би предлагал понуди и активности на дестинации врз основа на нашите активности и купувања. Денес, алгоритмите за рекламирање користат слични податоци за да ги приспособат рекламите на нашите интереси.
Паметни огласи
Тој сметал дека уредите ќе ги знаат нашите навики за купување и ќе прикажуваат реклами според нашите преференции. Оваа форма на насочено рекламирање е многу присутна на интернет денес.
Линкови за време на ТВ-пренос
Гејтс предвиде дека телевизиските преноси ќе вклучуваат линкови до релевантни веб-локации и содржини поврзани со програмата. Денешните преноси често нудат QR-кодови или УРЛ-адреси кои ги насочуваат гледачите кон дополнителни информации.
Софтвер за бизнис-заедниците
Тој замислил платформи што ќе им овозможат на компаниите да се натпреваруваат за проекти и соработки. Денес, платформите како „Апворк“ и „Фивер“ им олеснуваат на малите бизниси да најдат клиенти и работа.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube