X
 22.08.2019 Технологија

Ако сте го објавиле ова на „Инстаграм“, сте наседнале на измама

На „Инстаграм“ кружи измама во која се тврди дека оваа социјална мрежа ги менува правилата за користење, по што фотографиите на корисниците ќе можат да бидат искористени против нив на суд.

- Сè што некогаш сте објавиле, од денес станува јавно. Дури и пораките што сте ги избришале - пишува во пораката што масовно се споделува на оваа социјална мрежа, иако станува збор за целосна бесмислица.

Но, за масовната хистерија овој пат придонесоа и многу познати личности, кои исто така наседнале на оваа глупост. Џон Тери, Рита Ора, Пинк, Зое Салдана, Ашер се само некои од ѕвездите што го споделиле ова лажно „предупредување“ и го тагнале „Инстаграм“ за да му дадат до знаење дека нема нивна „дозвола“.

- Подобро е да се биде сигурен, макар и да станува збор за измама. Им се извинувам на сите оние што би можеле да се навредат на кој било начин од ова - напишала пејачката Пинк.


- Не постои вистина во постот - изјави портпаролот на „Инстаграм“. Ова не е првпат на социјалните мрежи да се шират вакви измами, но досега ретко можеше да се види на некои од нив да наседнат и толку многу познати личности.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија