X
 11.01.2019 Технологија

„Гугл“ подготвува нешто што ќе ви го олесни пребарувањето

„Гугл“ воведува нова алатка што ќе ги олесни посложените пребарувања поврзани со една тема. Алатката се нарекува „картички на активност“ (activity cards).

Картичките на активност се активни сѐ додека сте најавени на вашиот гугл-профил, а нивната функција е овозможување пристап до историјата на пребарувања поврзана со одредена тема. Доколку барате рецепти или програма за тренинг, вашите досегашни пребарувања ќе бидат достапни меѓу првите резултати, овозможувајќи ви опција за продолжување на пребарувањето поврзано со одредена тема.

Картичките ќе можат да се отстранат, а целата алатка ќе може да се деактивира во случај да не ви се допаѓа. Страниците што претходно сте ги посетиле ќе бидат зачувани во колекцијата, што значи дека ќе можете да им пристапите подоцна со тоа што до листата ќе дојдете преку менито во горниот лев агол од страницата со резултатите од пребарувањето. Во гугл-апликацијата оваа алатка ќе биде достапна на дното на екранот.

Картичките за активност се достапни од денес и тоа на мобилниот телефон „Гугл“ на англиски јазик. Меѓународните верзии сѐ уште не се најавени.

1
Фото: Androidpolice

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија